Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020
мај 21, 2021
Овој извештај ги претставува наодите произлезени од исходот на проектот „Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права“, кој е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и спроведен од Хелсиншкиот комитет за човекови права во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година. Целта на проектот е подобрување на легислативата и одговорот на институциите во областа на човекови права и антидискриминација преку измени и дополнувања на законите и политиките, примена на ефективни правни лекови и зајакнување на институциите. Една од целите беше и сè уште е да се подобри националниот одговор за злосторствата и говорот од омраза преку мониторинг, регистрирање и процесирање на злосторствата од омраза во согласност со изменетата законодавна рамка.Преку ваквите активности се очекува да се крене свесноста за штетните ефекти на говорот од омраза и нетолеранцијата. Се надеваме дека споделените резултати ќе послужат како повик за акција за понатамошно спречување на злосторствата од омраза и говорот од омраза.