Повик за ангажирање на експерт/ка за застапување

мај 18, 2021

 

Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права

Проект: Women’s Rights Advocacy: Paving the Way to Equality

Донатор: Kvinna till Kvinna

 

 

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот “Women’s Rights Advocacy: Paving the Way to Equality” финансиран од страна на шведската фондација Kvinna till Kvinna, oбјавува повик за ангажирање на експерт/ка за застапување за родова еднаквост во рамки на процесот на евроинтеграции.

Дел од активностите кои се предвидени со овој проект вклучуваат зајакнување на капацитетите на проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за застапување во полето на родова еднаквост, пред се преку спроведување на обука за четиричлениот проектен тим, како и подготовка на тригодишна стратегија за застапување и акциски план за нејзина имплементација. Целта на овие активности е да ги зајакнат капацитетите на проектниот тим за лобирање и застапување во насока на подобрување на законската регулатива и јавните политики за постигнување на поголема родова еднаквост, а во согласност со стандардите на ЕУ, како и соодветно планирање и фокусирање на активностите преку развивање на соодветна структурирана стратегија за застапување.

На овој повик може да се пријават и тимови од најмногу три експерти/ки.

 

ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Овој ангажман се состои во спроведување на следните активности:

 

  • Подготовка на програма за развивање на капацитетите на проектниот тим за застапување за родова еднаквост во рамки на процесот на евроинтеграции;
  • Спроведување на обука со членовите на проектниот тим според подготвената програма;
  • Подготовка на тригодишна стратегија за застапување и едногодишен акциски план во соработка со проектниот тим.

 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Активностите од овој ангажман ќе се реализираат во периодот од 15.06.2021 до 15.12.2021 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.

 

НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ

Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 2.250 евра.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршени магистерски студии во областа на право, политички науки, човекови права или родови студии;
  • Практично искуство во областа на родова еднаквост (најмалку 3 години);
  • Практично искуство во застапување во однос на политики на усогласување со законодавството на ЕУ;
  • Солидно познавање на меѓународните правни инструменти и домашните закони во областа на родова еднаквост, заштита од родово базирано насилство и дискриминација;

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до bojana.jovanovska@mhc.org.mk  со назнака Eксперт/ка за застапување“ најдоцна до 10 јуни (четврток) 2021 година. Во случај на пријавување на тим на експерти/ки потребно е биографиите на сите членови на тимот да бидат пратени во еден мејл од страна на еден од членовите на тимот и истото да биде јасно назначено во самиот мејл. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на некој од наведените мејлови.