Повик за ангажирање експерт/ка за изработка на методологија за мониторинг на НАП за спроведување на Истанбулската конвенција
ноември 16, 2020
Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права
Проект: Градење на капацитетите на граѓанските организации за подготовка на ГРЕВИО извештај во сенка
Донатор: UN Women
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за подготовка на ГРЕВИО извештај во сенка” финансиран од страна на UN Women, oбјавува оглас за ангажирање на експерт/ка за изработка на методологија за мониторирање засновано на докази на имплементацијата на Националниот акциски план (НАП) за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жени и семејното насилство (Истанбулска конвенција).
ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ
Предмет на овој ангажман е изработка на методологија за мониторирање засновано на докази на имплементацијата на НАП за спроведување на Истанбулската конвенција, следејќи ги насоките на ГРЕВИО.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Експертот/ката се ангажира за 3 (три) работни денови во период од 21.11.2020 до 25.12.2020 година.
НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 73.740,00 денари.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршени магистерски студии во областа на правото, политички науки или родови студии. Докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Практично искуство до областа на заштита и превенција на родово базирано насилство и семејно насилство (најмалку 10 години);
- Напредно познавање на домашните закони и меѓународните правни инструменти за заштита од родово базирано и семејно насилство, со посебен фокус на Истанбулската конвенција;
- Искуство во подготовка на методологија и мониторирање на имплементација на стратешки документи;
- Искуство во работа на меѓународни проекти ќе се смета за предност.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на следните електронски адреси: helkom@mhc.org.mk и bojana.jovanovska@mhc.org.mk со назнака „Eксперт/ка за НАП за ИК“ најдоцна до 20 ноември (петок) 2020 година. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на некоја од наведените електронски адреси.