Месечен информатор за дискриминација за јуни 2020
јули 29, 2020
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.
Во јуни 2020 забележани се седум случаи на нееднаков третман и речиси сите се од областа на работните односи. Во информаторот е издвоен случајот на употреба на прекумерна физичка сила врз бездомни лица од страна на интервентната полиција.
За повеќе детали околу регистрираните случаи на дискриминација во јуни, преземете го инфографикот подолу: