Се намалува рокот за поднесување апликација до Европскиот суд за човекови права
април 22, 2021
На 21 април 2021 година, Протоколот број 15 за изменување на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи беше официјално ратификуван од сите договорни страни на Конвенцијата и ќе стапи на сила на 1 август, оваа година.
Најзначајната измена што ја предвидува овој Протокол е намалување на рокот за поднесување на апликација до Европскиот суд за човекови права:
- Досега, странките можеа да поднесат жалба по исцрпување на сите домашни правни лекови, во рок од 6 месеци од денот на кој е донесена конечната одлука на највисокиот домашен суд.
- Со Протоколот број 15, овој рок е намален за 2 месеци, односно, странките ќе можат да поднесат ваква жалба до Европскиот суд за човекови права во рок од 4 месеци по добивање на последната конечна одлука.
- Оваа одредба ќе почне да се применува од 1 февруари 2022 година.