Продолжен рок за аплицирање на оглас за соработник/чка за финансии
декември 24, 2019
Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.
Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на спроведување на своите активности, објавува:
ОГЛАС ЗА СОРАБОТНИК/ЧКА за финансии
Опис и работни задачи:
- Следење на буџетите и спроведувањето на добри финансиски практики;
- Подготовка на исплатите поврзани со пректите финансирани од Европската Унија и други донатори;
- Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
- Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
- Подготовка на периодични и финансиски извештаи;
- Материјално и книговодствено работење;
- Подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки;
- Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
- Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
- Организација и поддршка во спроведување на ревизии во Хелсиншкиот комитет за човекови права;
- Учество во креирање на методи за fundraising;
- Поддршка во тековното работење на одделението за финансии на Хелсиншкиот комитет за човекови права, и
- Други активности поврзани со секојдневното управување со финансиите на организацијата кои не се погоре споменати.
Потребни квалификации:
- Дипломиран/а економист/ка со завршено четиригодишно високо образование на студии по економија (т.н. „стара програма”) или дипломиран економист со стекнати 300 кредити согласно ЕКТС;
- Познавање на PRAG (Procedures and practical guide), насоки и процедури за грантови и набавки, во рамки на проекти финансиани од Европската Унија;
- Најмалку три години работно искуство во водење на финансии во граѓанскиот сектор;
- Искуство во спроведување на проекти финансирани од Европската Унија;
- Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
- Компјутерски вештини, со познавање на MS Excel; и
- Напредни организациски и комуникациски вештини.
Како предност ќе се смета:
- Искуство со работа во Пантеон (Даталаб);
- Искуство на работа во динамична атмосфера и со куси рокови;
- Работа во тим и искуство на докажана работа со партнерски организации; и
- Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 10.01.2020 година до 12:00 часот.
При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција и шифрата од огласот.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.
Договор за вработување :
Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време од 1 година, со можност за продолжување на договорот. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно, во согласност со Законот за работните односи во РМ.
Месечната нето плата е 40.000,00 денари.
Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.