декември 7, 2020

Повик за пријавување на бесплатна обука за работнички и работници

Хелсиншкиот комитет за човекови права организира бесплатна обука за работнички и работници. Доколку сакате да дознаете кои се вашите права и на кој начин може да се заштитат, пријавете се на бесплатната онлајн обука што ќе ја одржат нашите правни советници на 14 декември 2020 година. Избери еден од двата предложени термина (12-13 часот и 18-19 часот) и прати порака со твоето име и презиме на електронската адреса natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 11 декември 2020 година.