ОГЛАС ЗА СПЕЦИЈАЛИСТ/КА ЗА КОМУНИКАЦИИ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
ноември 2, 2022
Работно место: Специјалист/ка за комуникации и односи со јавност
Краен рок: најдоцна до 15 ноември 2022 год., 16:00 часот
Адреса за поднесување документација: helkom@mhc.org.mk
Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РСМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.
Хелсиншкиот комите за човекови права, за потребите на спроведување на своите активности, објавува:
ОГЛАС ЗА СПЕЦИЈАЛИСТ/КА ЗА КОМУНИКАЦИИ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
Опис и работни задачи:
- Планирање, организирање, координација и имплементирање на стратегии за промоција на Хелсиншкиот комитет за човекови права;
- Координација и реализација на внатрешната и надворешната комуникација на Хелсиншкиот комитет и подружниците;
- Подготовка на комуникациски стратегии и планови, соопштенија, текстови, постови за социјални медиуми;
- Уредување и ажурирање на веб страната и другите комуникациски канали на Комитетот и подружниците;
- Избор, комуникација и координација на промотивни кампањи реализирани преку надворешни маркетинг и ПР агенции
- Координација на активности во однос на проектните актвности и комуникации, воспоставување и градење релации со медиуми;
- Развој, пишување, едитирање и продукција на промотивни материјали (печатени, аудио/видео), и
- Организирање и учество во промотивни настани, и
- Континуирано усвојување нови знаења и вештини потребни за својата професија
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование на студии по новинарство (т.н. „стара програма”) или дипломиран новинар со стекнати 300 кредити согласно ЕКТС; или друг факултет во областа на односи со јавност;
- Со работно искуство во област на односи со јавност од најмалку 3 години;
- Способен да исполнува задачи во зададени рокови;
- Флексибилен кон промени ;
- Со позитивен став кон нови работни задачи и исполнување на истите ;
- Со одлични комуникациски и организаторски способности и ентузијазам да работи на промоција на иницијативи од граѓанскиот сектор.
Како предност ќе се смета:
- Искуство на работа во динамична атмосфера,
- Работа во тим и
- Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 15.11.2022 година до 16:00 часот.
При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Само најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат контактирани.
Договор за вработување :
Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно, во согласност со Законот за работните односи во РСМ.
Месечната нето плата е 40.000,00 денари.
Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.