септември 30, 2019

За состојбата и условите во казнено-поправните установи во Реепублика Северна Македонија

Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Живот зад решетки“ поддржан од страна на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Целта на проектот е да ги адресира системските проблеми во пенитенцијарниот систем во државата, со посебен фокус на почитувањето на човековите права на лицата лишени од слобода кои издржуваат казна затвор.

Извештајот се базира на теренски посети извршени од страна на претставници на Хелсиншкиот комитет врз основа на претходно утврдена методологија за остварување на посетите.

Потребата од спроведување на теренски посети со цел утврдување на фактичката состојба во казнено-поправните установи произлезе од фактот што овие установи долго време беа затворени за експертската јавност, а воедно беа предмет на константна критика од страна на домашните и меѓународните организации за заштита на човековите права. Со промената на раководството во Управата за извршување на санкциите, беше овозможен непречен пристап до казнено-поправните установи, во споредба со претходната пракса на целосно игнорирање на поднесените барања за посети на овие установи.

Документи