јуни 30, 2023

Состојбата со говор на омраза во Северна Македонија, Косово, Србија и Албанија – јануари – мај 2023

Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот „Против говор на омраза во Западен Балкан“, поддржан од CIVIL RIGHTS DEFENDERS во периодот од јануари-мај 2023 година, заедно со проектните партнери (Организација за човекови права YUCOM-Србија, албанскиот Хелсиншки комитет за човекови права и Младинска иницијатива за човекови права ЈИХР-Косово) го следеше говорот на омраза во четирите региони  и тој беше регистриран по повеќе основи.

Имено, на платформата https://www.govornaomraza.mk/, социјалните медиуми, телевизиски емисии, весници и онлајн платформи се идентификуваше интензивен говор на омраза по повеќе основи од кои како најзастапени во сите држави беа регистрирани: говор на омраза врз основа на етничка припадност, говор на омраза врз основа на род и сексуалната ориентација, говор на омраза врз основа на политичка припадност и говор на омраза против жените.

Повеќе информации во однос на феноменот говор на омраза за период јануари – мај 2023 година, можете да најдете во инфографиците:


Куси прегледи за состојбата со говор на омраза во четирите региони:

 

Документи