СКОПЈЕ ПРАЈД 2025: ПОЛИТИЧКИ ПРОТЕСТ И ИДНИ НАСОКИ ЗА ЛГБТИ ДВИЖЕЊЕТO
септември 16, 2025

Скопје Прајд 2025 претставува пресвртна точка во позиционирањето на ЛГБТИ движењето во Северна Македонија. Наместо баланс помеѓу видливост и прослава, овогодинешниот Прајд беше свесно поставен како протест против системска репресија, институционална негрижа и стеснување на граѓанскиот простор.
И покрај финансиската криза и повлекувањето на дипломатска поддршка, настанот успешно се
реализираше, покажувајќи отпорност, солидарност и потреба од одржливи и независни механизми за поддршка на ЛГБТИ движењето.

