јануари 11, 2019
Прв периодичен извештај за АВМУ и АЕК
Првиот периодичен извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги и Агенцијата за електронски комуникации е за периодот јуни-септември 2018 година, во рамки на проектот ,,Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и отчетноста на медиумските регулаторни тела – PROformance Watch II” .
Проектот, кој со поддршка на Британската амбасада го имплементираат Евротинк, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија започна во јуни 2018 година. Целта е да се мониторираат релевантните сегменти од работата на АЕК и АВМУ во насока на заштита на јавниот интерес.