Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.07.2025 до 30.09.2025
декември 4, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници.
Овој мониторинг се спроведува во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој Хелсиншкиот комитет го имплементира во партнертство со ХОПС- Опции за здрав живот и Коалиција Маргини.
Период на следење 01.07.2025 до 30.09.2025
Во овој период имало вкупно 89 претставки поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. 30 претставки биле поднесени од жени од кои 15 биле од Скопски плански регион.


