Mесечник за злосторства од омраза – септември 2019
октомври 13, 2019
Во месец Септември 2019 регистрирани се вкупно 11 инциденти од омраза, од кои сите случаи се со индиции дека се сторени етничка припадност. Сите инциденти се регистрирани во Скопје, поднесени се две прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир. Овој месец се регистрирани два случаи на физички пресметки во автобуски линии кои што ги користат припадници на различни етнички заедници.
„ На 09.09.2019 во 11.50 часот во СВР Скопје, возач во ЈСП Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на бул.„Александар Македонски“, во автобус на ЈСП бр.65, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(19) и 17-годишна малолетничка, од една страна и Д.Х.(20) и 16-годишен малолетник, од друга страна, сите четворица од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.“