Mесечник за злосторства од омраза – јуни 2019

јули 10, 2019

Во месец Јуни 2019 регистрирани се вкупно 15 инциденти од омраза, од кои 14 се сторени поради етничка припадност, а 1 поради сексуална ориентација. Најмогу инциднети се регистрирани во Скопје (14), освен еден кој е во Македонска Каменица. а од поднесените кривични пријави една е за кривично дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал, а другата за Насилство. Трендот продолжува и 7 од жртвите се деца, а дури 10 сторители се малолетни ( лица до 18 години).

Овој месец ги издвојуваме инцидентите кои се случија на прославата на ракометниот клуб „Вардар“ на плоштадот Македонија и околината:

На 02.06.2019 година во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“, одржан е јавен собир (прослава), по повод победата на ракометниот клуб „Вардар“. За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистарски ознаки на булеварот “Гоце Делчев“. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18). Во врска со настанот од страна на Единицата „АЛФА“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје. На улицата „11-ти Октомври“ пред Собранието на РСМ било оштетено патничко моторно возило “Шевролет Спарк“ сопственост на МВР. Т.П.(17) од Скопје била повредена од пиротехнички средства на Плоштад Македонија и се здобила со изгореници во пределот на нозете. Исто така, приведен е и Ж.М.(36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието на РСМ.