Mесечник за злосторства од омраза – август 2019
септември 13, 2019
Во месец Август 2019 регистрирани се вкупно 6 инциденти од омраза, од кои за сите има индикатори дека се сторени поради етничка припадност. Сите случаи се регистрирани во Скопје, од кои во два случаи жртвиte се малолетници кои биле физички нападнати од повеќе лица.
„ На 26.08.2019 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице физички нападнало и му нанело повреда на десната нога со остар предмет на 17 – годишно лице на бул. Крсте Мисирков. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“