Месечник за криминалот од омраза – март 2024 година
април 29, 2024
Кривичните дела мотивирани од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството се опишуваат како криминал од омраза. За постоењето на овој вид криминал треба да се исполнети два услови: делото мора да е предвидено во кривичното право и сторувањето мора да е мотивирано од некоја предрасуда.
Хелсиншкиот комитет за човекови права ги регистрира и ги мапира делата од омраза и овој месечник обезбедува приказ на регистрираните инциденти за март, 2024 година.