декември 18, 2020

Месечен информатор за дискриминација – ноември 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.
Во текот на ноември 2020 година евидентирани се четири случаи на дискриминација. За повеќе детали, погледнете го информаторот, во кој, меѓу другото, се издвојува случајот со вознемирување на семејство со аутистично дете.
Поради дискриминаторското постапување од страна на соседите и поради несоодветното постапување за заштита на семејството од дискриминација на полицијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права на семејството ќе му обезбеди правна помош за составување претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, веднаш по изборот на нејзините членови, поради сторена дискриминација по асоцијација врз основа на попреченост. Дополнително, Хелсиншкиот комитет ќе поднесе претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР, со цел да се испита непрофесионалното и незаконското постапување на полициските службеници.

Документи