Месечен информатор за дискриминација – септември 2020
![](https://mhc.org.mk/wp-content/uploads/2020/10/hrightsdiscmonit102020.jpg)
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.
Седум случаи на нееднаков третман се евидентирани во текот на септември 2020 година. Граѓанските организации реагирале во 11 наврати, а во еден случај со реакција се јавил и Народниот правобранител.
За повеќе детали, преземете го инфографикот подолу: