Месечен информатор за дискриминација за месец јануари 2020
![](https://mhc.org.mk/wp-content/uploads/2020/04/hrights001-1.png)
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.
Во јануари 2020 се забележани четири случаи на дискриминација, на кои реагирале само здруженија на граѓани. Еден од тие случаи е отказ за бремена работничка, која побара правна помош од Хелсиншкиот комитет бидејќи работодавачот незаконски и го прекинал работниот однос додека користела боледување. За повеќе детали околу овој случај и други податоци околу нотираните случаи на дискриминација во јануари, преземете го инфографикот подолу: