јуни 3, 2020

Месечен информатор за дискриминација за април 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.

Во април 2020 забележани се пет случаи на нееднаков третман, а како реакција на дискриминаторски однос, нотирани се десет реакции. Во информаторот издвојуваме случај на дискриминација врз основа на здравствен статус кон луѓе заболени од КОВИД-19, а која беше поттикната од содржини пласирани во медиумите.

  За повеќе детали околу регистрираните случаи на дискриминација во април, преземете го инфографикот подолу:

Документи