Извештај за состојбата и условите вo полициските станици вo Република Северна Македонија, март – јуни 2021

септември 27, 2021

Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода“, финансиски поддржан од Европската Унија. За целите на проектот е склучен Меморандум за соработка помеѓу Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Министерството за внатрешни работи.

Целта на овој проект е да ги адресира системските проблеми во обезбедувањето заштита на лицата лишени од слобода од секаков вид тортура, нечовечко постапување и казнување, да ги идентификува клучните предизвици за воспоставување на ефикасен механизам за заштита на човековите права на лицата лишени од слобода и да ги приоретизира мерките потребни за воспоставување на таков механизам.

Извештајот се базира на теренски посети извршени од страна на претставничка на Хелсиншкиот комитет за човекови права – Ина Џугуманова, претставници од Македонското здружение на млади правници – Ирена Здравкова и Арбен Гудачи како и од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи – Татјана Калајџиска, Билјана Коцева и Цветанка Цурева.