Извештај од мониторинг посета на воспитно – поправниот дом Тетово – Волковија
август 5, 2026

Овој извештај беше изработен во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“. Главна цел на проектот е да придонесе кон подобрување на услугите за целните групи преку пристап заснован врз човекови права. Специфичните цели се насочени кон подобрување на условите и кон заштита на човековите права, зајакнување на капацитетите на персоналот и поттикнување соработка меѓу институциите и заедницата.
Во рамките на проектните активности беше спроведена мониторинг посета на Воспитно-поправниот дом Тетово –
Волковија, на 5 август 2025 година. За време на посетата беа остварени разговори со управата и со персоналот на установата, вклучително и со претставници од затворската полиција, стручниот тим и административниот кадар, како и со деца кои издржуваат воспитно-поправна мерка.
Посетата беше спроведена врз основа на претходно изготвена методологија, а целта на мониторингот беше да
се добие сеопфатна слика за условите за сместување, третманот и грижата за децата, здравствената заштита,
пристапот до образование, комуникацијата со надворешниот свет, како и почитувањето на нивните права.
Дополнително, мониторингот имаше за цел да согледа предизвици во функционирањето на установата и да даде препораки за унапредување на условите и услугите во согласност со националните и со меѓународните стандарди.

