Годишен извештај на Мрежата за заштита од дискриминација

април 21, 2015

Овој извештај се однесува на работењето на Мрежата за заштита од дискриминација во изминатата година. Главната цел на извештајот е да даде информација за остварувањето на заштитната функција на телата за еднаквост и заштита од дискриминација, преку презентација на начинот на кој е постапувано во однос на претставките што членките на Мрежата ги обработуваа во изминатата година.