Анализа на правната рамка за говор на омраза во Северна Македонија, октомври 2023
октомври 16, 2023

Говорот на омраза како загрижувачки тренд е се’ повеќе присутен во Северна Македонија. Додека најчесто млади лица се и сторители, како и жртви од исклучителна важност е неговото препознавање, пријавување и понатамошно процесирање да е адекватно, земјќи предвид дека исто така, говорот на омраза е првиот чекор пред вистинско насилство.
Иако постојат одредени кривични одредби, сегашната правна рамка нема јасна дефиниција и конзистентност во санкционирањето и превенцијата на говорот на омраза. Овој документ ги прикажува празнините во националното законодавство, го анализира во светло на стандардите на ЕУ и предлага конкретни препораки за ефективно справување со проблемот.


