​Месечник за криминалот од омраза во ноември 2017​

декември 7, 2017

Кривичните дела мотивирани од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството се опишува како криминал од омраза. За неговото постоење мора да бидат исполнети два услова: делото мора да е предвидено во кривичното право и сторувањето мора да е мотивирано од некоја предрасуда. Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржува Хелсиншкиот комитет при регистрацијата и мапирањето на делата од омраза.