Влијанието на КОВИД-19 кризата врз лицата со попреченост во Северна Македонија
Анализата изработена од Хелсиншкиот комитет за човекови права има цел да покаже на кој начин кризата ги погоди лицата со попреченост и оние што се грижат за нив, на кој начин ги промени нивните животи и пристапот до јавните услуги. Таа анализира и колку беа земени предвид нивните потреби при креирањето на мерките за заштита на населението од коронавирусот. Клучниот елемент од оваа анализа се препораките и влијанието на КОВИД-19 кризата врз лицата со попреченост во Северна Македонија, обидот да се извлечат заклучоци за тоа како институциите може да ги поддржат и да се грижат и за овие граѓани во периодот што следува, но и во однос на долгорочните ефекти по кризата.
Изработката на анализата е поддржана преку Иницијативата за демократија на Западен Балкан, спроведувана од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансирана од Владата на Велика Британија.