ноември 4, 2019

Краток преглед на македонското трудово законодавство

Прегледот ги сумира најзначајните закони за заштита на работниците и има за цел да ја поттикне генералната јавност да се запознае со правата гарантирани со Уставот и операционализирани во повеќе законски решенија.

Прегледот започнува со апсолутните и неотуѓиви лични права загарантирани со Уставот на државата од кои граѓанинот не може да се откаже. Понатаму, ги разгледува решенијата понудени со Законот за работните односи, Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за заштита од вознемирување на работно место и Законот за административни службеници. За да ја комплетира целата палета на закони, прегледот се осврнува и на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за вработување на инвалидни лица, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, Законот за вработување и работа на странци и Законот за социјална заштита. Сосема на крајот, прегледот се фокусира и на релевантните Конвенции од областа, ратификувани од страна на државата.

Овој краток преглед на анализата е подготвен во рамките на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија” финансиран од Фондот за добро владеење на Велика Британија, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Владата на Обединетото Кралство.

Документи