Детска сликовница „Насмевката на Дани“
Сликовницата „Насмевката на Дани“ е приказна за секојдневието и доживувањата на Дани во која пишува за важноста да се прифатат разликите и потребата да се одвои време вистински да се запознае личноста и да се научат нови работи за децата кои на било кој начин се поинакви. Главниот карактер Дани има поинаков изглед и однесување од останатите врсници во средината во која живее за која се врзува заплетот на приказната. Во илустрираната сликовница ќе се открие дека сите ние деца и возрасни треба да истражуваме, откриваме и учиме и можеме и да градиме пријателства, а со нив заеднички интереси и цели.
Авторката Зорица Зафировска се надева дека оваа мала сликовница ќе има повеќе изданија кои нема само да придонесат за толерирање на понаквоста туку ќе не научи на заедништво, доверба, поддршка, разбирање, слушање, одговорност и посветеност во градење на топла средина каде различностите ќе можат да се развивааат и растат, а и сите со нив. Нејзината цел е да ги приближи различноста и поинаквоста во средината во која живеат деца од повеќе возрасти, а воедно е обид да ги прифати разликите како секојдневни, во обид да промовира позитивен пристап, инклузивност и самодоверба кај сите.
Тимот кој стои позади книгата е следен:
Авторство: Зорица Зафировска;
Илустрации и дизајн: Христина Зафировска;
Уредници: Живко Грозданоски и Софија Григориадоу;
Постер графики: Партизан Принт;
Печат: КАД Принт Центар – Скопје;