октомври 12, 2023

Анализа на институционалниот јаз во однос на регистрирањето и обработката на говорот на омраза во Република Северна Македонија

Анализата се обидува да одговори на комплексното прашање околу градење на стратегијата – системски одговор за спречувањето и санкционирањето на говорот на омразата како на традиционалните медиуми, така и на „онлајн“ медиумите. Особено се разработуваат криминалистичките „приземни“ аспекти кои треба да бидат земени во обѕир при градењето на таа стратегија. Но за да се создаде ефикасен одговор, претходно треба добро да се спознае феноменот и во неговиот квантитет. Во спротивно одговорот ќе биде благ, разводнет, а говорот на омраза ќе добие митски размери. Затоа е потребна статистиката како алатка.

За да се регистрира и обработи говорот на омраза, доколку се подразбира елементарна статистичка обработка, најпрвин треба да постои во државата соодветна и поволна легислативна реалност која ќе ги овласти службените лица да ги регистрираат податоците до кои доаѓаат работејќи во оние државни органи кои имаат надлежности да се борат со говорот на омраза како појава. Потоа согласно позитивните законски прописи за административно работење и архивирање секој државен орган има должност да се грижи за овие податоци и по потреба на државата да ги канализира во еден центар. Ultima ratio доколку се подразбира „обработување“ во смисла на делување и борба против ваквите деликти и доколку и за тоа, исто така, постои легислативна поволна клима, во тој случај овие службени лица не треба да останат пасивни и само да евидентираат, туку треба да делуваат превентивно или репресивно, согласно Законот. Токму овие работи ги обработува оваа анализа.

Документи