Извештај во сенка за Поглавјето 23

јуни 23, 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Институтот за европска политика, во рамки на проектот Мрежа 23 +, поддржан од Европската унија, подготвија „Извештај во сенка за Поглавјето 23″.

Овој извештај претставува сублимат на заклучоци и препораки врз основа на следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот беше подготвен во услови на длабока политичка криза како резултат на неуспешното имплементирање на Договорот од Пржино и неспроведувањето на главните негови точки поврзани со реформските приоритети што беа зацртани врз основа на Извештајот на Прибе.

Наодите од извештајот се однесуваат на временскиот период од јули 2015 до април 2016 година.