Зајакнување на пристапот до правдата во Северна Македонија

јануари 9, 2022

МХK обезбедува мониторинг на човековите права во Северна Македонија од почетокот на својата работа, а од 2015 година оваа услуга е воспоставена преку посебна програма и е прилагодена на потребите на ранливите и маргинализираните групи во општеството. Оттогаш одржливоста на оваа програма е еден од главните приоритети на Комитетот, па затоа развивме одржлива програма за обезбедување бесплатна правна помош, со која оваа услуга останува активна за сите целни групи, настрана од расположливото проектно финансирање. Услугата за бесплатна правна помош е препознаена и користена од широк опсег на луѓе на кои им е потребна, што е очигледно од бројот на барања за бесплатна правна помош што ги добиваме на годишно ниво. Институционалниот систем за мониторинг кој ќе биде осмислен и воспоставен со овој  проект кој ќе му овозможи на Комитетот активно да учествува во процесот на креирање политики меѓу институционалните корисници. Ова ќе им овозможи на организациите навремено и соодветно да реагираат на одредени пропусти на засегнатите страни, да регистрираат неправилности и да ги дадат своите мислења, препораки за политики засновани на докази итн. преку редовно учество во националните работни групи и соработка меѓу сите членови на тимот за имплементацијата.  Оттука, оваа интеракција овозможува да се обезбеди институционална одржливост со цел да се елиминираат пречките за пристап до правдата и на тој начин да се зајакне правната сигурност на граѓаните.