Менување политики, предизвикување перспективи
Целта на овој проект е да придонесе во намалување на родовата нееднаквост во Северна Македонија преку низа интервенции во областа на родово базираното насилство. Родовите стереотипи се длабоко вкоренети во нашата средина и се одразуваат во одговорот на родово базираното насилство во сите негови форми. Оттука, целта е да се адресираат овие проблеми преку сеопфатен пристап кој вклучува специфични активности за решавање на различни аспекти на проблемот со родово базираното насилство. Распространетата мизогина и сексистичка средина и подемот на анти-родовите наративи, особено во регионот, што може да резултира само со зголемување на родово базираното насилство, подразбираат примена на иновативен пристап и мултидимензионално и интерсекциско дејствување, кои се дел од овој проект.