Продолжување на Повик за ангажирање на два експерта за одржување на ЕУ академија за човекови права
јуни 16, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата, IPA III Civil Society Facility and Media Programme 2023 , согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. IPA III/2024/461-642“, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди.
Потребно е ангажирање на два експерта за припрема и одржување на тродневна ЕУ Летна академија за човекови права, со изготвување на финален извештај (опишани под точка 1).
За горенаведениот предмет понудите да бидат испратени најдоцна до 20.06.2025 година (понеделник) до 16:00 часот, по електронска пошта на jana.sotirovska@mhc.org.mk.
Со оваа покана ви ја доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.
1. Опис на бараната набавка:
Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската унија. Во рамки на проектот потребен е ангажман на два експерта за припрема на курикулум и материјали за ЕУ академијата за човекови права, одржување на тродневната академија и изготвување на извештај.
1.1 Опис на бараните услуги:
Експертите кои ќе бидат ангажирани треба да изготват и имплементираат интерактивна работилница за симулација, фокусирана на процесот на пристапување кон ЕУ со посебен фокус на човековите права. Учесниците ќе бидат поделени во групи кои ќе претставуваат различни заинтересирани страни – држави или тела на ЕУ. Секоја група ќе има специфични цели, вклучувајќи преговарање на услови за пристапување, како и адресирање на прашања поврзани со човековите права и промоција на владеењето на правото, имплементирани преку сценарија кои одразуваат реални комплексности. Работилницата треба да овозможи практично, непосредно искуство за учење, кое ќе им помогне на учесниците да го применат своето знаење за процесите на ЕУ и човековите права во динамична, колаборативна средина. По симулацијата, треба да се спроведе сесија за анализа и дискусија, со цел да се рефлектира врз користените стратегии, предизвиците со кои се соочиле и постигнатите резултати. Овие сесии ќе помогнат учесниците подобро да го разберат применувањето на принципите на човековите права во практичен аспект.
*Предвидениот модел на академијата соодвествува со Model European Parliament (MEP); Model United Nations (MUN);
- Општи информации
Од понудувачот се бара да достави предлог курикулум, финансиска понуда и две релевантни референци во согласност со горенаведените материјали. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 3 на овој документ.
Цените при наведената понуда да бидат изразени без ДДВ.
- Критериум за доделување на договорот за набавка
Критериумите за доделување на договорот за набавка се:
- економски најповолна понуда
- најдобар квалитет
- најдобар предлог-курикулум
За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми.
- Евалуација на понудите
При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, рокот на испорака и квалитетот на материјалите. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa.
Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани;
Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.
Напомена: Проектот е ослободен од ДДВ. По направен избор за најповолен понудувач ќе биде доставено решение и потврда од УЈП и СЕП.