Повик за ангажирање маркетинг агенција

февруари 10, 2025

Општи информации 

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамките на проектот на проектот „Поддршка на НВО за обезбедување правна помош на жртви на РБН и одржливи сервиси за мобилизирање локална поддршка” поддржан од страна на Фондот за популација на ОН (УНФПА), oбјавува повик за ангажирање маркетинг агенција за изготвување кампања за превенција и правна помош на жртви на родово базирано насилство. 

Главната цел на соработката е да се поддржи граѓанската организација да има одржливост и да обезбеди долгорочни услуги за преживеаните и жртвите на родово базирано насилство. Хелсиншкиот комитет обезбедува бесплатна правна помош за жртвите и развива соработка со сите засегнати страни на локално ниво, вклучително и бизнис секторот и институциите. 

 

Позиција 

Маркетинг агенција за изготвување кампања за превенција и правна помош на жртви на родово базирано насилство 

 

Избор на експерт 

На овој повик имаат право да учествуваат правни лица што ги исполнуваат следниве критериуми: 

 

  • Работно искуство во спроведување кампањи во последните 9 години; 
  • Минимум пет спроведени кампањи во областа на човековите права. 

 

Спроведување кампањи во областа на превенција и правна помош на жртви на родово базирано насилство ќе се смета како предност. 

Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) на вработените или портфолио во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи. 

 

Спроведување на работните задачи 

Времетраењето на ангажманот ќе започне веднаш по склучување на договорот и ќе трае до завршување на активностите, односно до 31 март 2025 година. 

Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со маркетинг агенцијата, каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.  

 

Начин  на пријавување 

За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават: 

  • професионална биографија (CV) или портфолио, во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи; и 
  • финансиска понуда за реализирање на активностите 

 

Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 13.02.2025 година со назнака „Избор на маркетинг агенција“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии или портфолија и евалуација на финансиските понуди. 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.   

 

Скопје, 10.02.2024 година.