Јавен повик за ангажман на адвокати за обезбедување правна помош
март 12, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман на адвокати за обезбедување правна помош.
Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:
– Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.
– Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.
– Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.
Проектот вклучува теренски мониторинг посети во воспитно – поправниот дом – Тетово, мали групни домови, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување и станбените единици во Демир Капија со цел проценка на условите во истите согласно претходно утврдена методологија.
За ефикасно и ефективно спроведување на теренските посети, а имајќи ги предвид таргет групите во рамки на проектот неопходно е ангажирање на најмалку 3 адвокати за обезбедување правна помош.
Опис и работни задачи на адвокати
Ангажираните адвокати ќе учествуваат во теренски мониторинг посети во затворени установи со цел заштита и унапредување на човековите права на децата и ранливите лица во ризик. Тие ќе работат во тим со социјални работници, психијатри и психотерапевти како и проектниот тим и ќе имаат следниве работни задачи:
– Да учествуваат во мониторинг посетите во затворените установи;
– Да вршат правна анализа на состојбите во кои се наоѓаат лицата сместени во овие установи во однос на нивните права и правната заштита што им е достапна;
– Да обезбедуваат бесплатна правна помош, вклучително застапување пред надлежни институции;
– Да изготвуваат извештаи со наоди и препораки за подобрување на правната заштита на ранливите категории;
– Да покренуваат стратешки предмети по потреба, со цел унапредување на правата на децата и ранливите лица во ризик;
– Да обезбедуваат стручна правна поддршка на проектниот тим во врска со релевантни правни прашања.
Оваа улога е клучна за унапредување на пристапот до правда и заштита на правата на ранливите групи во рамки на проектот.
Потребни квалификации
– Активна лиценца за вршење на адвокатска дејност и работното искуство од најмалку 5 години;
– Минимум 3 год работно искуство-претходно искуство со правна помош на деца и маргинализирани категории лица ќе се смета за предност;
– Посветеност кон заштитата на човековите права и развиени и воспоставени социјални врски(поткрепена со работа на поединечни предмети, иницијативи и проекти);
– Искуство во застапување пред институции и судови, особено во предмети поврзани со заштита на правата на ранливи категории;
– Искуство во покренување и водење на стратешки предмети ќе се смета за предност
Временска рамка и буџет
Адвокатите ќе бидат ангажиран/а за времетраење на проектот, најдоцна до 2026 година со вкупно 65 работни дена.
Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на:
· Работна биографија (CV)
· Примероци/референци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години
· Понудена бруто цена (еден експертски ден се 8 часа)
Критериуми за избор на најповолен понудувач:
· Релевантна биографија – 40 поени
· Работно искуство во обезбедување правна помош на ранливи групи – 40 поени
· Понудена бруто цена – 20 поени
Понудите треба да се испратат на следниот е-маил: helkom@mhc.org.mk или tona.kareva@mhc.org.mk со назнака „Пријава за ангажман на адвокати за обезбедување правна помош“. Рокот за аплицирање е до 25.03.2025 година.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.