Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење

октомври 30, 2018

Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат. Ова е главната порака на македонските невладини организации во Женева, пред Комитетот на Обединетите нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација кон жените од страна на Република Македонија.
Во име на ЛГБТИ Центарот и Коалицијата Маргини, Билјана Гинова даде изјава пред Комитетот за правата на лезбејките, бисексуалките и транс луѓето.