Викторија – изложба на фотографии од жртви на родово базирано насилство
По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, ве покануваме на изложба на фотографии – ,,Викторија’’, која ќе се одржи на 8 декември 2018 година во 20:00 часот, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ центарот за поддршка Скопје, во соработка со Шелтер центарот “Сигурна куќа” и платформата за феминизам “Медуза”. Изложбата ќе биде поставена во кафе бар ,,Синдикат’’, а следствено и на веб-страната Медуза.мк – нова феминистичка платформа на македонски јазик. Изложбата, која е дело на Христина Христова, се состои од 10 фотографии од жртви на родово базирано насилство и насилство поради сексуална ориентација и истите ќе бидат на продажба за време на настанот. Фотографиите се со пропратна приказна напишана од страна на девојки и жени кои секојдневно се борат со искуството од кое нема криење. За да го прославиме нивниот триумф и храбар избор да се проба да се чекори понатаму, ве покануваме на изложбата ,,Викторија’’.
Дојдете и искажете ја вашата поддршка на жртвите од родово базирано насилство!