јули 29, 2021

Усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција: Фемицидот не е препознаен како посебно кривично дело

На Арта и Дамир не им е првпат да имаат расправии во домот. Претходно, во една таква расправија Дамир ѝ имаше нанесено телесни повреди на Арта, по што таа го пријави во најблиската полициска станица. Службеникот во станицата го повика Дамир на разговор и, и покрај стравот на Арта од повторување на насилството, Дамир се врати дома само со усна опомена од службеникот. Во текот на наредниот период следеле нови расправии, за една вечер, во една таква расправија Дамир повторно да ѝ нанесе телесни повреди на Софија. Во текот на расправијата Арта успеала да ѝ се јави на блиската сосетка и ја замолила случајот да го пријави во полиција. Сосетката се јавила во полиција и го пријавила случајот, но од службениците добила одговор дека ќе пратат полициски службеници штом бидат во можност. Полициските службеници стигнале во домот на Арта дури наредниот ден. Во текот на вечерта Дамир ја убил Арта со секира.[*]

 

Фемицидот претставува убиство на жена затоа што е жена. Фемицидот е најтешка форма на родово базирано насилство врз жената и е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво. Фемицидот е најчесто предизвикан од страна на лице со кое жртвата е во партнерски однос. Во нашата земја фемицидите се најчесто резултат на непријавување на семејното насилство или на несоодветно постапување на релевантните институции.

 

ФЕМИЦИДОТ НЕ Е ПРЕПОЗНАЕН КАКО ПОСЕБНО КРИВИЧНО ДЕЛО ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК.

 

УСОГЛАСУВАЊЕТО НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СО ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА Е ОБВРСКА НА НАШАТА ДРЖАВА.

[*] Ликовите и настаните во случаите се фиктивни. Сите сличности со постоечки лица и настани е случајна.