Твоите права и обврски во услови на КОВИД-19
*Со новата Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба (Сл.Весник на РСМ бр.100) во членот 2 се додава став 5 кој гласи:
„По исклучок на ставот 4 од овој член, на државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во Република Северна Македонија по 13 април 2020 година, а бил затекнат во земји со висок ризик од Коронавирус COVID-19 согласно Листата на Светската здравствена организација, му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Република Северна Македонија“.
Изготвени се информативни флаери на четири јазици (македонски, албански, турски и ромски) кои можеби ќе бидат корисни за вас во услови на прогласена вонредна состојба поради пандемија од вирусот КОВИД 19. Целосните флаери се достапни и можете да ги преземете на линковите подолу.
Флаерите се изготвени како дел од проектот: „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода”, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведуван од МЗМП и Хелсиншки комитет за човекови права.
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на МЗМП и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската унија.