април 27, 2020

Слобода на изразување во време на криза – насоки на Комитетот на министри на Советот на Европа

Предговор од Тери Дејвис (Rt Hon Terry Davis) Генерален секретар на Советот на Европа

Не постои демократија без слобода на изразување и верувам дека правото на слободен говор е основно човеково право. Сепак, на одреден начин, е и повеќе од тоа. Под сенката што неизбежно се појавува секој пат кога има недостаток на слобода на изразување, остануваат скриени повредите и на други човекови права. „Во војна, вистината е првата жртва.“ Овој познат цитат му се припишува на Ахил, големиот писател на претстави од античка Грција. Ова кажува дека манипулирањето со информации во време на криза и потрагата по домнителни цели не е нешто неодамна измислено. Во денешно време, кога зборовите, звуците и сликите може веднаш да допрат до публиката на глобално ниво, искушението да се ограничи слободата на изразување и информации е поголемо од било кога. Од друга страна пак, посебно со оглед на неодамнешните терористички напади, грижата за безбеност која природно се јавува кај повеќето луѓе уштеповеќе ги прави луѓето подложни на прифаќање ограничување на слободниот говор. Наметнувањето несоодветно ограничување на слободата на изразување и информации е сепак несоодветна реакција која води во еден магичен круг.

Правото да се прима и споделува информации е суштинско во едно демократско општество и е уште поважно во време на кризи, како што се војни, терористички напади и природни катастрофи. Член 10 од Европската конвенција за човекови права и соодветните предмети во Европскиот суд за човекови права и понатаму се фундаментални стандарди кога станува збор за правото на слобода на изразување и информации во сите ситуации, вклучително и во време на криза. Нема потреба да се изменуваат и дополнуваат овие стандарди или да се изгтоват нови. Наместо тоа, треба да се фокусираме на проблемите во пракса кои се јавуваат при нивна имплементација. Најмалку што можат да направат владите и собранијата е да ги инкорпорираат овие стандарди во нивните национални регулаторни рамки и сериозно да ги имплементираат.

Насоките од Комитетот на Министри презентирани подолу претставуваат конкретни совети во тој поглед. Исто така, се надевам, дека ќе послужат како важна референца за медиумските работници, граѓанското општество и за секој што е загрижен за своето слободно изразување.

 

Документи