Што е криминал од омраза?

декември 10, 2018

Меѓународниот ден на човековите права, 10 Декември, годинава е посветен на одбележување на 70-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се: раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус. Делата од омраза директно ги прекршуваат овие одредби од Декларацијата.

Живееме во општество во кое секојдневно се соочуваме со омраза по различни основи. Меѓутоа, не секогаш е лесно да се препознае дали сме биле жртва или сведок на криминал од омраза. Оваа видео порака  ќе ви помогне да распознаете кога некое дело може да се смета за криминал од омраза, како да постапите доколку сте жртва или сведок и каде и како да пријавите криминал од омраза. Омразата боли, не ја толерирај!

Видео

Што е криминал од омраза?