„Сега повеќе не сме сами!“
март 16, 2018
Во рамките на институционалниот грант Цивика Мобилитас, Хелсиншкиот комитет подготви видео приказна за Сигурната куќа и корисник на услугите и заштитата што таа ја нуди.
Сигурната куќа е основана во 2017 година и обезбедува привремено домување за ЛГБТИ лица во безбедно живеалиште. Доколку сте ЛГБТИ лице кое се соочува со насилство или бездомништво обратете се на бесплатната линија за помош 0800 66 66 6. Сигурната куќа работи постојано, 24 часа на ден.