Повик за ангажман на експерт/ка за Истанбулска Конвенција

август 20, 2019

Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
Проект
: Елиминација на родова нееднаквост преку институционални и дигитални интервенции
Донатор: Kvinna till Kvinna

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија од јануари, 2019 година, го спроведува проектот “Елиминација на родова нееднаквост преку интервенции на институционални и дигитално ниво” финансиран од страна на шведската фондација Kvinna till Kvinna. Проектот се фокусира на намалување на родовата нееднаквост во земјата преку интервенции на повеќе нивоа, и тоа: институционално и дигитално ниво, како и обезбедување бесплатна правна помош на жени и девојки, жртви на родово базирано насилство.

Една од компонентите на проектот преку која ќе се постигне главната цел е: подобрена имплементацијата на Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (понатаму во текстот: Истанбулска Конвенција) од страна на службениците во институциите вклучени во нејзина примена (јавни обвинители/судии, центри за социјална работа, полиција, општини, училишта, центри за јавно здравје ) преку подобрување на нивните знаења за стандардите кои Конвенцијата ги налага, а со тоа и зајакнување на нивните капацитетите за нејзина примена.

II. АКТИВНОСТИ и ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Една од предвидените активности во оваа компонента е развивање на дигитална алатка и модули за е-учење.  Конкретно активноста од овој повик е следна:

Развивање на содржина за е-модули за учење (e-learning modules) за запознавање и примена на стандардите кои ги налага Истанбулската Конвенција. Модулите треба да содржат: теоретски дел,  прашања и одговори, примери од праксата, како и поврзаноста на ИК со националното законодавство.

Дигиталната алатка за учење е замислена како интерактивен вебсајт или апликација, а е наменета за  оние кои во својата работа се среќаваат со Истанбулската Конвенција и по со нејзината ратификација, треба да ја применуваат.  Алатката ќе биде јавно достапна и бесплатна и целта е да има што поширок опфат, помеѓу професионалните службеници.

Конкретен предмет на ангажманот ќе биде:

  • Креирање на содржината и модулите за е-учење следејќи ги препораките на Проектната координаторка
  • Испорачување на содржината во облик на: теоретски дел за ИК, примери од праксата, прашања и одговори, национално законодавтсво за РБН (родово базирано насилство):
  • Комуникација и коориднација со Проектната координаторка и ИТ експертот при процесот на ставање на содржините онлајн.
  • Изготвување на краток извештај за извршената работа.

Повремени консултативни средби со проектната координаторка при имплементација на проектните активности кои произлегуваат од оваа проектна компонента.

III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на англиски или македонски јазик.  CV -то треба да го демонстрира следново:

  • Завршени додипломски и/или магистерски студии во областа на право, политички науки или родови студии;
  • Практично искуство до областа на заштита и превенција на родово- базирано/ семејно насилство (најмалку 3 години);
  • Солидно познавање на меѓународните правни инструменти на зашатита од родово базирано/ семејно насилство и дискриминација, а посебно познавање Истанбулската конвенција и домашните закони;
  • Искуство од работа со институции.

Покрај својата биографија, заинтересираните треба да испратат и  финансиска понуда за експертската работа.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk  и до tanja.stoimenovska@mhc.org.mk  со назнака „експерт за Истанбулска конвенција“ најдоцна до 31 август (сабота) 2019 година.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на (2) 311 9073 и/или до Проектната координаторка на следниов маил tanja.stoimenovska@mhc.org.mk.

2