Пробациска служба – алатка за унапредување на пенитенцијарниот систем

октомври 31, 2023

На 31 октомври се одржа тркалезна маса на тема: Пробациска служба-алатка за унапредување на пенитенцијарниот систем организирана од страна на  Хелсиншкиот комитет за човекови права во партнерство со Македонско здружение на млади правници, Македонско пенолошко друштво и Здружение ИЗБОР во рамки на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка преку ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осудени лица“, финансиран од Европската Унија.

Целта на тркалезната маса беше презентација на документот „Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Република Северна Македонија (2021-2025)“- период на следење 2021 и 2022 година подготвена од страна на Хелсиншкиот комитет.

Стратегијата претставува еден сеопфатен стратешки документ кој дава патоказ за реформите што треба да се направат во рамките на пенитенцијарниот систем. Во таа насока, целта на анализа беше да процени дали, во колкава мера и на кој начин се одвива имплементацијата на предвидение активности, каков е нивниот квалитет и динамиката на меѓуинституционалната соработка во полето на пробација.

Фокусот на следењето беа четири теми, и тоа: Легислатива – Законска рамка во полето на извршувањето на алтернативни санкции и мерки; институционална рамка – Институционална рамка за функционирање на пробациската служба – функционални канцеларии; Постапување – Унапредување на постапувањето и зголемување на бројот на алтернативни мерки и санкции и Меѓуинституционална соработка во полето на пробација.

На настанот учествуваа и м-р Дијана Ѓероска, Раководител на Одделение за надзор над извршување на пробациски работи во Секторот за пробација при Управата за извршување на санкциите и м-р Емилија Балтовска, Советник за извршување на пробациски работи во текот на судска постапка, Одделение за извршување на пробациски работи на подрачјето на Основен кривичен суд Скопје-Сектор за пробација, кои имаа свои излагања во однос на работата на Секторот за пробација, како и за идните планови и програми за работа и начинот на постапување на пробациската служба со примери од праксата.

Еден од најзначајните заклучоци и препораки кои беа идентификувани во анализата и исто така потврдени од страна на учесниците на настанот беше продолжување на периодот на условен отпуст со заштитен надзор кој во пракса се изрекува во период од 3 месеци, кој период е премногу краток за да пробациската служба пружи соодведна и адекватна помош и поддршка на осудените лица за нивна рехабилитација и реинтеграција во општеството. Исто така поголема промоција на пробациската служба и употребата на алтернативните мерки и санкции како и поголема соработка меѓу сите релевантни институции беа идентификувани како значајни активности за унапредување на пробациската служба во државата.  На тркалезната маса имаше плодна дискусија во која особен придонес имаше судијата Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд – Скопје  која препорача поголема употреба на алтернитуивните санкции и мерки од страна на судиите и даде свое видување од праксата во делот на изрекување на алтернативната мерка условна осуда со заштитен надзор.

Анализата е изработена на македонски јазик и преведена на албански и англиски јазик а, целосниот текст  со заклучоците и препораките можете да го најдете на линкот во прилог на ова соопштение.