ПРЕС: Уставниот суд во стегата меѓу политичките интереси и човековите права
јули 26, 2016
Хелсиншкиот комитет има чест да ве покани на завршната прес-конференција во рамките на проектот „Надгледување на работата на Уставниот суд и процена на неговиот капацитет да постапува по уставни жалби“. Основната цел на проектот беше зајакнување на независноста, непристрасноста и легитимноста на Уставниот суд преку надгледување на неговата работа и научно истражување за изнаоѓање на најсоодветниот систем за воведување на уставната жалба како нов институт во македонскиот судски систем.
Прес-конференцијата ќе се одржи на 27 јули 2016 година (среда) во Хотел „Арка“ во Скопје, со почеток од 11:00 часот. За време на настанот ќе биде презентирана финалната анализа која произлезе од набљудуваните 30 седници на Уставниот суд во периодот од 25 март 2015 година до 18 мај 2016 година. Анализата ги содржи наодите за работата на Судот и е насочена кон изнаоѓање на решенија за постојните и можните идни проблеми поврзани со работата на Уставниот суд.
А Г Е Н Д А
11:00 – 11:10Поздравен говор и методологија за изработка на анализата
Уранија Пировска, извршна директорка
11:10 – 11:30 Презентација на наодите од набљудувањето на работата на Уставниот суд
Воислав Стојановски, правен советник
11:30 – 12:00 Прашања и одговори
12:00 – 12:30 Освежување
Проектот „Надгледување на работата на Уставниот суд и процена на неговиот капацитет да постапува по уставни жалби“ е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.