Препорака на Европската комисија за спречување и борба против нетолеранцијата и дискриминацијата на ЛГБТИ луѓето
Препораката бр.17 за општа политика на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) за спречување и борба против нетолеранцијата и дискриминацијата на ЛГБТИ лицата ги нотира предизвиците во заштитата на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европа и дава клучни препораки за почитување на правата на лицата кои се дел од ЛГБТИ заедниците.
Препораката и заклучоците на ЕКРИ во голем дел се совпаѓаат со наодите и препораките кои што произлегуваат од работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права во оваа област.
Оваа препорака на ЕКРН e основна алатка за справување со нетолеранцијата и дискриминацијата на лезбејките, геј популацијата, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) лица и да помогне во развојот на инклузивно општество. Препораките на ЕКРИ имаат даваат насоки за земјите членки во спречувањето и борбата против нетолеранцијата и дискриминацијата против ЛГБТИ луѓето што е одговорност на сите членови на општеството.
ЛГБТИ луѓето сè уште доживуваат висока стапка на дискриминација и злоупотреба, вклучително и насилство, поради нивната сексуална ориентација, родов идентитет и полови карактеристики. „Поединци може да бидат подложени на дискриминација и злоупотреба поради нивната поврзаност со ЛГБТИ лица и/или поради нивната перципиранa сексуална ориентација, родов идентитет и полови карактеристики. Нетолеранцијата кон ЛГБТИ лицата се манифестира на сложени и разновидни начини, а нејзините последици негативно влијаат на правните, социјалните, политичките и културните идентитети на ЛГБТИ луѓето“, се вели во текстот на препораката, која е преведена и на македонски јазик.
Се нагласува дека во Европа не постои монолитна или еднодимензионална ЛГБТИ популација. Сепак, лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните лица страдаат од дискриминација и нетолеранција, што може да влече корени од заедничките проблеми како што се сексизмот, мизогинијата, патријархатот и крутите верувања за идентитетот, телото, сексуалноста и родовите улоги.
Тоа што некој е ЛГБТИ лице не може да се одвои од другите карактеристики, вклучувајќи ја и „расата“ етничкото или националното потекло, државјанството, религијата, родот и статус на попреченост. Степенот до кој едно ЛГБТИ лице може да се соочи со нетолеранција врз основа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет или половите карактеристики може значително да биде обликуван, изменет или усложнет од други клучни аспекти на идентитетот или живата реалност, како што се статусот на бегалец или припадноста на заедницата на Ромите. ЕКРН потврдува дека во настојувањето ефикасно да се справи со насилството и дискриминацијата против ЛГБТИ луѓето од витално значење е државите експлицитно да се осврнат на начините на кои ЛГБТИ-фобијата се вкрстува со други феномени, вклучително и расизамот, ксенофобијата, сексизамот и верската нетолеранција.
Преводот на македонски јазик е дел на акцијата „Борба против омраза и нетрпеливост во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален објект за Западен Балкан и Турција“. Тој ги поддржува клучните корисници и локални актери во нивните реформи за да развијат хармонизиран институционален пристап за справување со дискриминацијата и говорот на омраза.