септември 24, 2020

Повик за изработка на кампања против говор на омраза

 

Проект: Зајакнување на националните механизми за борба против говор на омраза
Спроведувач
: Хелсиншки комитет за човекови права
Донатор
: National Endowment for Democracy (NED)

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права од декември, 2019 година, започна со спроведување на втората фаза од проектот “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза” финансиран од страна на National Endowment for Democracy (NED). Проектот се фокусира на унапредување на знаењето и зајакнување на капацитетите на правосудството, односно судиите и јавните обвинители за процесирање на предметите поврзани со говорот на омраза за обезбедување на ефективни превентивни механизми за жртвите од овој феномен. Главната цел на проектот е да се придонесе кон воспоставување на ефективни механизми на заштита на правата на граѓаните во контекст на слободата на изразување. Една од специфичните цели е унапредување на јавното знаење и разбирање на говорот на омраза преку ефективни механизми за заштита на граѓаните од говорот на омраза.

 

 

ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

За потребите на проектот, ангажманот се состои од:

  • Подготовка Сценарио за изработка на национална кампања против говор на омраза,
  • Понуда на креативно решение за изработка на промотивни материјали (дигитални решенија, видеа, итн.),
  • Спроведување на кампањата и следење на националниот дискурс околу кампањата,
  • Координација со проектниот тим околу содржината и формата,

 

Изборот ќе го изврши комисија од Хелсиншкиот комитет. При евалуација на понудите ќе се цени понудениот концепт, брзината на испораката и креативното решение (врз основ на поднесената понуда).

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права со избраната страна ќе склучи договор за испорака на услугата која е предмет на овој повик. Проектот предвидува компензација во вредност од $2500 УСД во денарска противвредност според средниот курс на US$ во однос на денарот на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на исплата. Динамиката на исплатата ќе се дефинира во договорот за услуги.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните за овој повик потребно е да достават биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Со оглед на материјата која е цел на анализа во рамки на овој проект, условите за пријавување се следниве:

  • Предлог-концепт и сценарио за изработка на кампањата против говор на омраза,
  • Предлог временска рамка за испорака и детален план за спроведување на предложените активности,
  • Портфолио на претходни проекти (особено ќе имаат предност заинтересираните кои имаат претходно искуство во областа на изработка на кампањи поврзани со говорот на омраза),
  • Предлог буџет за реализација на активноста (по ставки).

 

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk со назнака „кампања за против говорот на омраза“ најдоцна до 28 септември 2020 година до 17:00 часот. За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на (2) 311 9073.