Повик за изработка на две креативни видеа

ноември 9, 2020

  1. Општи информации за проектот

Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот “Работнички обединете се!”, кој е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка. Целта на проектот е намалување на родовата, половата и интерсекциската дискриминација врз жените на работните места, преку подобрен пристап до правда во случаи на дискриминација врз жените на работните места, подобрен систем на заштита од дискриминација врз жените на работните места, подобро и зголемено информирање на јавноста за состојбата со дискриминација на жените на работните места и за користењето на заштитните механизми. Една од активностите за остварување на наведените цели е изработка на две креативни видеа за подигање на свеста и информирање на јавноста за препознавање и пријавување на дискриминација на жените на работните места.

 

  1. Опис на ангажманот

Согласно горенаведеното, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба за ангажирање на надворешен соработник (физичко или правно лице) за изработка на две креативни видеа за подигање на свеста и информирање на јавноста за препознавање и пријавување на дискриминација на жените на работните места.

Ангажманот ќе ги вклучи следниве активности:

  • Подготовка на сценарио за изработка на видеата.
  • Понуда на креативно решение за изработка на видеата.
  • Снимање/дигитална изработка на видеата.
  • Постојана координација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
  1. Времетраење на ангажманот

Времетраењето на ангажманот започнува од 16.11.2020 година и ќе трае до 16.12.2020.

 

  1. Потребни квалификации

Условите и критериумите за пријавување на овој повик се следните:

  • Искуство од најмалку 3 години во изработка на креативни видеа за подигање на свест.

Како предност ќе се смета:

  • Претходно искуство во изработка на видеа поврзани со дискриминација.

 

  1. Надомест за ангажманот

Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 1.700 евра во денарска противвредност согласно курсот одреден од страна на донаторот на денот на исплатата.

 

  1. Начин на пријавување

Заинтересираните за овој повик потребно е да достават:

  • професионална биографија (CV) на македонски јазик
  • предлог концепт и сценарио за изработка на видеата
  • предлог временска рамка за изработка на видеата
  • портфолио со претходно изработени видеа.

 

Пријавите за овој повик се доставуваат на следната електронска адреса: igor.jadrovski@mhc.org.mk со назнака „Пријава за изработка на две креативни видеа“ најдоцна до 15.11.2020 година.

 

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на igor.jadrovski@mhc.org.mk или на телефонскиот број на Хелсиншкиот комитет за човекови права – 02 3119 073.