февруари 21, 2023

Повик за истражувачки тим за подготовка на анализа со истражување за потребите и приоритетите на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија

Повик за истражувачки тим кој би изработил истражување за потребите и приоритетите на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија.

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права Скопје објавува повик за изработка на истражување и анализа врз основа на обработени податоци.

Конкретната анализа треба да содржи:

· истражување за потребите и приоритетите на ЛГБТИ луѓето во Македонија, а со цел точно да се утврди кои се нивните приоритети и најитни потреби.

· анализата треба да се изготви врз основа на добиените податоци од истражувањето. Секаде каде тоа е возможно, треба да го запази пристапот на визуелно презентирање на наодите и мерките преку примена на графикони и инфографици.

· анализата треба да содржи препораки за унапредување на правата и слободите на оваа популација.

Презентирање на јавни настани

Истражувачкиот тим ќе има обврска наодите од истражувањето и анализата да ги презентира на јавни настани

Услови и критериуми

На овој повик можат да се пријават истражувачки тимови од еден главен експерт и најмногу двајца истражувачи. Тимот го формира главниот експерт кој ја поднесува пријавата и кој не е обврзан да има формирано тим за време на поднесување на пријавата. Притоа, доколку биде избран за извршување на ангажманот, експертот ќе биде должен да го формира тимот во рок од 7 дена од изборот.

Кандидатите за позицијата главен експерт треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Работно искуство во областа на истражувањата;
  • Работно искуство од најмалку 5 години во подготовка на методологии за истражувања/анализи;
  • Работно искуство од најмалку 5 години во спроведување на истражувања/анализи;
  • Предност ќе се смета веќе формиран истражувачки тим.

Работни задачи:

  • Изработка на методологија за истражувањето/анализата;
  • Мапирање и избор на истражувачки тим во рок од 7 дена од извршениот избор и спроведување на обука за истражувачите кои ќе го спроведат истражувањето;
  • Креирање и спроведување на истражувачки инструменти кои ќе се користат за собирање на податоци;
  • Одржување на комуникација со истражувачкиот тим;
  • Обработка и анализа на податоци;
  • Подготовка на истражувањето/анализата;
  • Презентација на истражувањето/анализата на јавни настани;
  • Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Право да учествуваат на овој повик имаат сите физички и правни лица.

Етички напомени

Експертот (и истражувачите) се обврзуваат коректно да ги наведуваат изворите на податоците во истражувањето. Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ги раскине склучените договори и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.

Спроведување на активностите

За спроведување на активностите од овој повик е предвиден надоместок во вкупен износ од 5.100 долари бруто за целокупниот ангажман. Предвидениот надоместок ги вклучува сите трошоци кои истражувачкиот тим ќе ги направи за целите на истражувањето. Исплаќањето ќе се врши во квартални периоди и на неколку рати, од кои првата откако ќе се одобри план за работа од страна на проектниот тим, а последната по завршувањето на финалната анализа. Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата (како на пример патни трошоци, спроведување на алатките кои ќе се користат за собирање на податоци и слично) се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на истражувачкиот тим.

Финалната анализа треба да биде изготвена до 30.09.2023 година

Начин на пријавување и избор

За пријавување кандидатот треба да достави:

– Професионална биографија со вклучени референци од претходни истражувања. Биографијата не треба да надминува две страници (А4 формат) не сметајќи ги референците,

– Предлог методологија за спроведување на истражувањето. Предлог-методологијата не треба да надминува три страници (А4 формат, фонт 12 проред 1.15) и треба да содржи јасна методологија, метод на анализа и истражувачки инструменти, временскa рамка за спроведување на истражувањето,

– Професионални биографии на истражувачкиот тим (доколку е однапред формиран).

Документите за пријавување задолжително да се достават во еден pdf. формат документ на е-маил адресата helkom@mhc.org.mk и elena.petrovska@mhc.org.mk најдоцна до 28.02. 2023 година со назнака „Повик за истражувачки тим за подготовка на анализа со истражување за потребите и приоритетите на ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија“. За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените меил адреси, како и телефонскиот број +389 2/3119-073. Изборот ќе се врши врз основа на искуството и понудената методологија.

Документи